25 Април, 2024
0.0395

За свет без чад, иновациите се пресудни – IQOS е иднината

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Иновациите ги носат промените што ја градат иднината каква што сакаме да биде. Во создавањето на овој нов свет предводат компании коишто користат научни истражувања, технолошки пронајдоци и идеологија за создавање подобра иднина.

Така, тутунскиот гигант Филип Морис е посветен е на создавање свет без чад. Чекорејќи кон новите трендови и времиња, компанијата се трансформира и самата и на своите потрошувачи им нуди производ што претставува иновативна алтернатива на традиционалните цигари, позната како IQOS.

При посетата на фабриката на Philip Morris International во Болоња, Италија овозможена од самата компанија, бевме сведоци како врвна технологија, јасна стратегија, иновативност, креација и стандарди работат во насока на создавање на визија за иднината. Видовме многу, видовме врвен производен капацитет за којшто терминот фабрика е малку несоодветен.

Сѐ во Филип Морис Интернешнал е поврзано со иновација и потекнува од инвентивност и креативност, па така и оваа фабриката. Многу аспекти поврзани со овој капацитет се интересни и единствени до степен на извонредност.

Првично замислена и изградена со цел оттука да започне ширењето на промената и развивањето на истата таа иновација, изгледот и начинот на работа речиси да ја материјализираат новата мисија за свет без чад. Тука, во овој капацитет, оваа реченица добива вистинска смисла и фактографска јасност.

Разгледувајќи ги двата аспекти на оваа фабрика на најголемиот гигант во тутунската индустрија, едниот е тоа како изгледа внатре и со каква оперативност располага, а вториот е тоа што излегува од неа како производи, наметнува двоумење што е поимпресивно, за на крај да ви стане јасно дека се е базирано врз пресудноста на иновациите во создавањето на подобра иднина.

Влегувањето во комплексот е како чекор во футуристичка визија. Сѐ е совршено подредено, со јасно дефинирани патеки за движење, дури и предност при движење.

Со внатрешна инфраструктура со роботизирани возила, целиот ентериер наликува на супер-модерна лабораторија. Секторските простории осмислени и дизајнирани да ја поттикнат креативноста, но и да го задржат фокусот.

Условите за работа за вработените се над сите најнапредни стандарди, и повторно помислувате дека не може овој комплекс да се нарече фабрика и дали можеби со пречекорување на прагот сте влегле 50 години во иднината. Сепак, природата на работата наметува строги безбедносни стандарди, но и хигиенски, заштитна облека, специјални обувки, посебни за вработените, посебни за посетителите.

И кога ги набљудувате вработените гледате дека сите се млади, а податокот вели дека просекот на годишната структура е 34 години. И тогаш сфаќате дека ова е место каде промените, развојот на еволутивните процеси и креацијата се во рацете на младата прогресивна енергија.

Истиот амбиент на совршено организиран, но и релаксирачко инспиративен владее и во производниот дел. Производно-технолошкиот процес е строго контролиран, контактно изолиран и визуелно видлив, со строго дефинирани протоколи за работа дури и движење. Премногу е важно, за нешто да се препушти на случајот.

Сѐ во фабриката е во насока на инвентивност, одржливост, во согласност со современите стандарди и промени што ги диктираат новите времиња. Почнувајќи од начинот на функционирање, снабдување со сопствена енергија од фотоволтаици на кровот од фабрика, изгледот, вработените, па сѐ до производот што излегува.

Следејќи го патот низ фабриката како најквалитетниот тутунов лист станува производ, Heets наменети за IQOS – револуционерниот уред што го загрева тутунот, а не го гори, ни станува јасно дека сме на место каде се создава иднината и на тутунската индустрија.

Оваа фабрика е само една од седумте кои произведуваат Heets, наменети за околу 30 од сите пазари со IQOS.IQOS (ајкос) како уред којшто го загрева тутунот и на тој начин не дозволува да се ослободат штетните супстанции, е носител на иновацијата која своја основа има во филозофијата на најголемата тутунска компанија да ги следат во чекор промените во денешниот свет и да се трансформираат според новите текови.

Апаратот функционира на начин што во уредот во форма на пенкало се вметнува краток производ што наликува на цигара, наречен Heets. Како што имавме можност да видиме во фабриката во Болоња, Heets е направен од чист, селектиран и вистински тутун, без додатоци, се загрева на температура од 350 степени Целзиусови при што се ослободува аеросол со што се задоволува потребата од никотин. Патем, IQOS не е ни сличен на електронската цигара, којашто сосема спротивно на Heets, користи течност со екстракт на никотин и додатоци за вкусови.

Новиот производ кој го загрева, не и согорува тутунот е присутен на 50тина пазари и досега успеал да конвертира од пушење цигари во користење IQOs над 10 милиони корисници за помалку од четири години.  Во Болоња се произведува Heets  за околу 30 од сите пазари со IQOS, а Соединетите Американски Држави и Јапонија се меѓу најголемите потрошувачи. Во фабриката во Болоња, само во 2019 година се произведени над 33 милијарди Heets.

До пред неколку години футуристичката и за некои утописка визија за свет без чад, денес почнува да станува реалност. Тутунскиот гигант,  Philip Morris International со иновација и високотехнолошка подготвеност ја создава иднината без чад, каде светот на пушачите и тутунската индустрија се трансформираат во сосема нов облик, одржлива иднина и побезбедна за здравјето на луѓето од секаков аспект.

Репортажа на Нина Нинеска-Фиданоска за Фактор од Болоња

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг