За само еден ден во Русија починале над 1.100 луѓе од коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 26 Октомври, 2021
Нов „црн рекорд“ има во Русија, каде повеќе од 1.100 луѓе починаа во еден ден од коронавирусот. Ова е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, соопшти Кризниот штаб за борба против коронавирусот.
Вкупниот број на регистрирани починати се искачи на 232.775, а Русија пријавува повеќе од 1.000 смртни случаи од коронавирус веќе осми ден по ред. Во бројки, тоа значи дека 2,8 отсто од заразените со коронавирус починале. Ќе има нови строги мерки. Од четврток, руската престолнина Москва ќе воведе најстроги мерки за затворање. При тоа ќе бидат отворени само примарните продавници како супермаркетите и аптеките и бензинските пумпи. Рускиот претседател Владимир Путин нареди граѓаните кои примиле вакцина да добијат два дополнителни платени слободни дена. Инаку, новата варијанта делта плус брзо се шири во светот.