20 Април, 2024
0.0266

ЗА РЕЗЕРВИРАНОСТА НА ЕУ: Ромпуј кажа што да се направи за да бидеме пречекани со раширени раце

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Херман ван Ромпуј, првиот претседател на Европскиот Совет, поранешен премиер на Белгија и актуелен претседател на Советот на Колеџот на Европа во Бриџ, во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“ иако вели дека отворено го поддржува почнувањето преговори за членство на Македонија и Албанија во ЕУ, предупредува дека земјите мора да работат за да ги усвојат и спроведуваат стандардите на ЕУ во секој аспект. 

„Успехот во тоа ќе доведе да бидете пречекани во ЕУ со раширени раце“, објаснува тој.

Но, нагласува дека мора да се работи на реформи. 

„За Белгија, и верувам многу други членки на ЕУ го споделуваат овој став, интегритетот на ЕУ и нејзиниот постојан успех е најважниот приоритет во надворешната политика. Тоа значи дека принципите како што се владеењето на правото, силните демократски институтции и основните вредности, како слободата на изразување, треба да останат во центарот на она што е ЕУ. Нормално е што сме заштитнички ориентирани кон постигнатото и сме строги (но правични) во поглед на земјите-аспирантки за членство во ЕУ. Посочувајќи на тоа, јас останувам оптимист и верувам дека земјите од Западен Балкан ќе создадат политичка волја да го прифатат нашиот Acquis Communautaire во целост и да се приклучат на ЕУ“ – вели Ван Ромпуј, прашан дали резервираноста на некои членки на ЕУ кон Северна Македонија и Албанија е оправдана.

Тој денеска во Белград изјави дека клучот на просперитетот не се наоѓа ниту во Пекинг, ниту во Москва, ниту во Анкара, туку во Брисел.

Истакнувајќи дека косовското прашање е клучно на патот на Србија кон евроинтеграциите, Ван Ромпеј изрази очекување дека тој проблем ќе биде решен кога ќе се врати довербата, како што беше случајот со Северна Македонија. Според него, спорот за името бил решен благодарејќи на довербата и храброста на двајца лидери.

„Навистина се надевам дека ЕУ ќе ја награди политичката храброст. Кога имаме доволно доверба можно е да се надминат емоциите и ирационалните моменти и да се постигне договор“, изјави Ван Ромпеј, кој учествува на конференција во Србија.

Тој уште потенцираше дека мир ќе постои кога сите држави од поранешна СФРЈ ќе станат дел од ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра