За Рама отворањето на преговорите за Албанија и за Северна Македонија е најпаметна одлука
Објавено во: Балкан 28 Септември, 2019
Aлбанскиот премиер Еди Рама од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации порача дека отворањето на преговорите за Албанија и за Северна Македонија ќе биде најпаметна одлука на ЕУ.
„Давањето позитивен одговор на Албанија и Северна Македонија на 18 октомври за нивната амбиција да започнат преговори за членство, нема да биде обична награда заснована врз нивните заслуги, туку стратегиски ќе биде најпамената одлука што ЕУ би ја донесела“, изјави Рама.
Вели дека регионалната стабилност, безбедноста, напредокот и демократијата во регионот може да се гарантираат единствено од европската перспектива.
Со 476 гласа за и 122 против, како и 16 воздржани пратеници, Бундестагот го одобри почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Пратениците во исто време гласаа и за почеток на преговорите на Албанија.
Десетината говорници се согласија дека Северна Македонија и Албанија направиле напредок и дека на регионот Западен Балкан треба да му се овозможи приближување кон ЕУ.