ЗА ПЕСКОВ ОВА Е КАТАСТРОФА: Во јуни во Русија се родиле помалку од 100.000 деца
Објавено во: Свет 10 Септември, 2024
Најниска стапка на наталитет има во Русија од 1999 година.
Во првите шест месеци годинава, државата забележа најниска стапка на наталитет од 1999 година, според официјалните податоци, а во јуни бројот на родeни првпат беше помалку од 100.000.
Кремљ ниската стапка на наталитет во Русија ја нарече катастрофа.
„Ова е катастрофално за иднината на нацијата“, изјави Дмитриј Песков за руската државна новинска агенција.