20 Април, 2024
0.0410

ЗА ОНИЕ ШТО КУПИЛЕ АВИОНСКИ КАРТИ И АРАНЖМАНИ - наместо да бараат пари назад, да прифатат ваучери со рок од една година

Објавено во: Свет 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Европските авио и туристички компании треба да понудат ваучери за патниците на летовите и туристичките патувања кои биле откажани поради коронавирусот, а кои би имале важност од најмалку 12 месеци, препорачува Европската комисија, со цел да ги охрабри патувањата и туризмот во Европа. 

Препораките, што треба да бидат објавени утре, предвидуваат на патниците да им бидат понудени прифатливи ваучери за да не бараат целосна наплата, пренесуваат британските медиуми. 

Земјите-членки на ЕУ побараа од Комисијата да го суспендира правилото според кое авиокомпаниите мора целосно да ги надоместат трошоците  за откажаните летови поради пандемијата. Новите препораки не предвидуваат прекинување на ова правило, но нудат компромис за да му помогнат на секторот во оваа тешка криза. 

Комисијата, исто така, ќе им препорача на земјите-членки да ги гарантираат овие ваучери во случај на инсолвентност на компанијата, се вели во документот. Ваучерите треба да ги нудат истите услуги и правци, во случај на лет, и услови за патување како и оригиналната резервација. 

Авиокомпаниите од цела Европа, вклучително и „Луфтханза“ и „Ер Франс-КЛМ“, побараа државна помош затоа што поради пандемијата мораше да ги заземјат своите огромни флоти. Клиентите кои нема да користат ваучери автоматски ќе добијат поврат на средствата во рок од 14 дена од истекот на нивната важност. 

Во случај на ваучери кои важат повеќе од една година, патниците треба да побараат целосна наплата во рок од 12 месеци од датумот на издавањето на ваучер, се вели во документот. 

За да им помогне на најтешко погодените авиокомпании и туристичките компании, ЕУ исто така ги повикува организациите на потрошувачи и на патници на сите нивоа да ги охрабруват патниците да прифаќаат ваучери, место да бараат наплата. Комисијата со ова не го суспендира законот за заштита на правата на патниците затоа што препораките не се правно обврзувачки. Ова значи дека потрошувачите се оние кои ќе решат дали да го прифатат ваучер или да побараат целосна наплата.

Можеби ќе ве интересира

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан