19 Април, 2024
0.0295

ЗА НЕГО ЗНАЕ И ЕВРОПА: Во Македонија постои село на штркови

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија има свое село на штркови.

Maла општина во источниот дел на државата во европски рамки е мапирана како место со голем број штркови.

Се работи за Чешиново – Облешево. Оваа година во општината  има околу 100 активни гнезда, наведуваат од локалната самоуправа.

Карактеристично за Чешиново-Облешево е тоа што е општина со  најголема густина на населеност на оваа бела птица во државата, со 123 активни парови на 100 квадратни километри, или повеќе од 2 штрка на км2.

„Откако знам за себе во селото има штркови. Доаѓаат луѓе од Скопје, Битола, Велес за да ги видат штрковите. Две години по ред во селото доаѓа и црн штрк, што претходно не беше случај“, вели Сане Јованов, жител на Чешиново.

Најстарото гнездо во регионот се наоѓа во селото Чешиново. Тоа е на покрив којшто е реновиран во 1973 година, и воедно тоа е и најголемото гнездо во Македонија со висина од 3,2 м.

„Како резултат за значајната улога на белиот штрк во културниот пејзаж на околината на нашата општина, на 23 мај Општина Чешиново-Облешево  го доби признанието за „Европско село на штркот 2013” од страна на Извршниот директор на EuroNatur, Габриел Шведерер, со коe се означи членството на општината во Мрежата на европските села на штрковите. Од тогаш представници од општината секоја година присуствуваат на годишна конференција во некоја од општините членки во Европа, каде се презентира напредокот на општината од минатата година, проблеми и активности превземени за нивно решавање со акцент на животната срединa, птиците и штркот. Како општина членка на „Мрежата за Европски села на штркот”, Општина Чешиново-Облешево  во соработка со „Македонското еколошко друштво” настојува да ги исполни обврските да ги заштитува живеалиштата на белиот штрк како пасишта, ливади и други области кои представуваат извор на храна, како и зачувување на ареата за размножување на штркот. Работи на промовирање на едукативните програми за животна средина за училиштата и возрасните, со цел подигање на свеста кај локалната популација“, вели Виолета Јанева од Општина Чешиново – Облешево.

Годинава Општина Чешиново-Облешево ја имаше честа да биде домаќин на претставници од  петнаесет земји од Европа, односно беше домаќин на „16ти состанок на Европската мрежа на штркови”. Учесниците имаа можност да разменат искуства, да се запознаат и да ги посетат позначајните места како во општината така и во источниот регион.

За значајната работа и резултатите, општината односно Виолета Јанева  доби и интернационално признание „Херој на природата”, кое го доделува меѓународната организација „BirdLife”.

Села во кои има голем број штркови постојат во Србија, Бугарија, Турција, Шпанија, Швајцарија, Хрватска и други земји.

Сања Атанасовска

насловна фотографија Оризова братимка

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени