За лажната дојава уапсени се деветнаесетгодишници
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020
Две 19-годишни момчиња попладнево се приведени за лажната дојава на бомба во трговскиот центар Сити мол во главниот град.
Уапсени се П.Ц. (19) и А.Д. (19) и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше полицијата.
Попладнево е извршена евакуација во трговскиот центар Скопје Сити мол во населбата Карпош. Полицајците со кучиња трагачи повеќе од три часа детално ги пребаруваа сите простории.
Луѓето кои денес се затекнаа во Сити мол на разглас добиле информација дека треба да го напуштат објектот.
Oд трговскиот центар попладнево ги информираа граѓаните дека продолжуваат нормално да работат.