За колку се зголемила минималната потрошувачка кошничка во ноември?
Објавено во: Економија 07 Декември, 2022
Минималната потрошувачка кошничка во ноември изнесувала 51.714 денари.
Тоа е за 200 денари повеќе во однос на октомври, а за 1.490 денари во споредба со месец септември. Како што пресмета Сојузот на синдикати на Македонија, за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари.
Останатите средства, односно 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.
За споредба, во август годинава на едно семејство за опстанок му требаа над 48.000 денари.
Идната година ќе има зголемување на минималецот кој сега изнесува 300 евра.
Граѓаните поради кризата мораат да внимаваат каде и колку трошат.
foto freepik.com/pedrojgarcija