20 Април, 2024
0.0270

За Катица Јанева наводите на државните ревизори се хајка

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Eкс обвинителката Катица Jaнева наводите на државните ревизори ги оценува како тенденциозни и продолжение на хајката против неа. 

Вели дека пораката е повеќе „никој и никогаш во оваа земја да не се занимава со гонење на високата корупција“ на  начин како што таа тоа го правела. Таа смета дека неуспехот на Обвинителството за гонење на организиран криминал да докаже нејзина наводна вина во случајот „Рекет“, за кој нема правосилна пресуда, резултира со вакво постапување на државната ревизија во обид да биде дискредитирана.

„4 години немаше проблем со исплатата, а се појави дури сега по гаснење на СЈО, тврди Јанева во дописот во кој спомнува и дека е незаконски осудена за случајот Рекет. Дали пораката која на ваков начин се испраќа е: повеќе никој и никогаш во оваа држава да не се занимава со гонење на висока корупција, на начин како што го правев јас и СЈО, бидејќи на крајот, се ќе биде предмет на преиспитување, како што се случува сега, пост-фестум?“, реагира Јанева.

Таа вели дека не ги прифаќа наводите од ревизорските извештаи дека немала законска основа за носење на наведените одлуки, но прашува, доколку е така, дали евентуална одговорност ќе понесат и другите институции.

„Дали треба да се вклучат двата состави на влади и четирите министри за финансии кои го одобрувале буџетот и исплатите на СЈО, без каква било забелешка?“, прашува Јанева.

Надоместоците кои се делеле во некогашното Специјално јавно обвинителство во периодот од 2015 до 2019 година, не биле во согласност со законоте. За жал, јавноста нема да дознае никогаш кој обвинител точно колку пари зел, затоа што се работи за класифицирани информации.

Но, од Државниот завод за ревизија кој денеска го објави извештајот, единствено откриваат дека надоместоците биле во многу висок и проблематичен износ, односно дури 4,6 милиони евра, за почитување на принципот на тајност.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите