18 Април, 2024
0.0245

За К-15 пристигаат пријави, за новата минимална плата ниту еден работник не се пожалил од газдата

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 210 пријави за неисплатен К-15 пристигнале од работници до Државниот трудов инспекторат во текот на 2019 и првиот месец од 2020, но до сега не е казнет ниту еден работодавач за неисплатен регрес. Истовремено, исплатата на новововедената минимална плата од 14.500 денари минала во најдобар ред, без поплаки од работниците дека газдите дел од истата им ја барале да ја вратат на рака.

„Во текот на 2019 година и јануари 2020 година до Државниот инспекторат за труд поднесени се 210 претставки по основ на неисплатен регрес за годишен одмор за 2019 година. Најголем број од преставките се од работници на кои им престанал работниот однос кај работотавачот кај кој го исполниле условот од најмалку од шест месеци работа во каледарската година. Дел од претставките се од работници кои работат во дејности кои немаат обврсака за исплата на регрес на годишен одмор. Државниот инспекторат за труд постапува по сите преставки и превзема мерки согласно законот, за што подносителите писмено се известуваат“, гласи одговорот на ДТИ кога станува збор за исплатениот К-15.

Правото на регрес за годишен одмор е предвидено со Општиот колективен доовор за приватниот сектор од областа на стопанството, според  кој работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач може да се утврди регрес во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

„Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско-финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишена од работодавачот и репрезентативната синдикална организација, може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.
Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран преставник од работниците“, додаваат од инспекторатот.

До Државниот трудов инспекторат не стигнала ниту една пријава за нецелосно исплатена минимална плата по првиот месец откако таа беше зголемена на 14.500 денари од 1 декември 2019, односно законски требаше работниците да ја добијат до 15 јануари.

„До Државниот инспекторат за труд нема пријави за злоупотреба на исплата на новата минимална плата од 14.500 денари која работодавачите се должни да ја исплаќаат со платата за месец декември 2019 година“, гласи одговорот од Државниот трудов инспекторат.

Станува збор за работниците кои претходно заработуваа минималец од 12.507 денари , па се до оние што се некаде под нивото на новата минимална плата, и кај кои од декември мораше да се направат нагорни корекции. Претходната минимална плата ја добиваа околу 100 илјади граѓани.

Инаку, за разлика од претходното зголемување на минималната плата кое Владата го проследи со конкретни субвенции, за ова најновото се предвидени само субвенциите со Законот за покривање на придонесите, кој влегува во сила од ноември, и ќе важи за сите газди што ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари. Практично, ова е единствената помош што државата ќе им ја даде на фирмите за да ја зголемат минималната плата.

-Во суштина со мерката за субвенционирање на раст на плати работодавачите порано ги покачија платите и ја постигнаа минималната плата. До мене не е стигната информација дека некој не ја исплаќа минималната плата и засега нема одредена реакција од здруженијата и синдикатите. Имав завчера состанок со стопанските комори и сите синдикати и вакво прашање не беше отворено. Сепак, не можеме да очекуваме 100-процентна реализација на која и да е мерка во државата, но досега не е подигнат аларм. Ако има такво нешто сакам веднаш да се согледа и да се реагира од Трудовиот инспекторат, рече вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска во одговор на прашање на прес-конференција на оваа тема пред десетина дена.

Таа додаде дека сите засегнати страна, па и работодавачите биле согласни дека минималната плата треба да се зголеми за да се задржат работниците во Македонија.  За барањето од работодавачите парите да им се вратат на рака откако ќе се исплати минималната пата рече дека е кривично дело што треба да се санкционира.

-Трудовиот инсекторат самостојно ме може да го движи тоа, туку мора во заедничка акција по пријава или сомнеж, случајно добиена информација, претставка,… да направи  заедничка акција со другите надлежни органи кои имаат таква надлежност, истакна Царовска.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор