ЗА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВОЈУВАЛЕ 1.200 БАЛКАНЦИ: Сега сакаат да се вратат дома?
Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2020
Tерористичката организација Исламска држава регрутирала 1.200 борци од регионот, а најголемиот дел од нив сега сакаат да се вратат дома.
„Според доверливата конференција, од Косово официјално има признаени 403 борци, со што ги сместува на прво место во Европа по бројот на терористи кои заминале на Блискиот исток да се борат за ИСИС. Следува Босна и Херцеговина со 350 борци, Албанија со 180 до 200 борци и Македонија со 156 борци“, стои во документите на босанските разузнавачки служби кои ги објави banjaluka.net.