25 Април, 2024
0.0324

ЗА ХРАНА, СОКОВИ И ЧОКОЛАДИ - кои се „иноватори“ зеле државни пари

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Компании за производство на вода и пијалоци, текстил, услуги, прехранбени и фирми за кетеринг, за мебел, но и многу физички лица, годинава зеле државни пари од Фондот за иновации и технолошки развој. 

На листата се појави и компанија чиј грант опозицијата го проблематизираше на серија прес конференции, поради учество, па излегување од нејзината сопственост на фирма на семејството Заеви.

А кој се годинава добил државна помош од Фондот за иновации и технолошки развој,  може да се види преку новата алатка Отворени финансии, која вчера ја промовираше власта, а која ќе покажува која државна институција кому и кога му исплатила пари.

Компанијата Кодинг Горска од почетокот на годинава па досега, само во два наврати, од Фондот за иновации и технолошки развој добила вкупна сума од 250 илјади евра. И тоа, во една прилика компанијата добила 192 илјади, а вториот пат 58 илјади евра.

Како што е добро познато, станува збор за компанија чија дејност е производство и трговија со минерална вода, но и безалкохолни газирани и негазирани пијалоци.

Компанијата за производство на текстил, Фротирка од Делчево, од Фондот инкасирала 159 илјади евра. МЗТ Пумпи, пак, има добиена исплата од ФИТР на износ од 132 илјади евра.

Треба да се напомене дека преку оваа алатка исплатите се дадени по ред, почнувајќи од најголемите износи – до најмалите, но одредени компании добивале средства во повеќе наврати, така што точните вкупни суми не би можеле да се прецизираат, бидејќи станува збор за огромна листа на компании.

А како што стои на самата веб страница на Фондот, нивната мисија е поттикнување и поддршка на иновациската дејност во микро, малите и средните претпријатија, за остварување забрзан технолошки развој, базиран на трансфер на знаење, на истражување за развој и на иновации што придонесуваат за создавање нови работни места и за економски раст и развој, истовремено подобрувајќи ја бизнис-околината за развој на конкурентските способности на компаниите.

На четврто место според големината на поединечните исплати, е светиниколската фирма Лион, која се занимава со производство на кондиторски производи, како што се чоколади, чоколаден крем, бисквити, бонбониери и слично. Таа само во една исплата од Фондот добила 130 илјади евра.

Вниманието на листата го привлекува и компанијата Пауерад ИНТ, која само преку една исплата добила од ФИТР добила 122 илјади евра.

За оваа фирма опозициската ВМРО-ДПМНЕ на серија прес-конференции обелоденуваше дека во неа на почетокот косопственик била и фирма на семејството на премиерот Зоран Заев, но потоа се повлекла од сопственоста, откако на компанијата и бил доделен грантот. Партијата тогаш соопшти дека целиот износ на доделениот грант на оваа компанија бил 220 илјади евра.

Околу 116 илјади евра има добиено скопската компанија Акрон, а охридската Инжинеринг 92 илјади евра.

И одредени проекти добиле грантови од ФИТР, на пример проектот Рециклирај дома се “омрсил“ со 88 илјади евра.

Интересно е што на листата на исплати од Фондот има и голем број физички лица, кои добиле идентични суми, од по 753 евра од оваа институција.

А веќе нема да биде тајна кој најмногу се офајдил и по кој основ од државни пари. На интернет страницата Отворени финансии, од вчера секој може да провери колку, на кого и кога државата му префрлила пари. Оваа страница ќе служи како веб-алатка за следење на трошоците од државниот буџет. На неа ќе може да се најдат плаќањата што ги направиле министерствата, самата влада, фондовите, државните агенции и комисии, судовите, обвинителствата и други вкупно 1.105 државни институции на централно ниво.

Фактор веќе пишуваше дека само во октомври, топ пет приматели на државни пари биле Јавното претпријатие Македонска радиотелевизија, потоа приватната компанија Арбериа Десигн ДООЕЛ, турската компанија СЕРКА ТААХХУТ, домашниот нафтен гигант Макпетрол, како и приватната здравствена установа Систина Нефроплус Кавадарци.

Отворени финансии ќе се дополнува со нови податоци два пати месечно.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ