20 Април, 2024
0.0308

ЗА ГАЗДИТЕ ШТО ЌЕ ЗЕМАТ СУБВЕНЦИИ, А НЕМА ДА ДАДАТ ПЛАТА - кривична пријава веднаш, казната ќе биде затвор

Објавено во: Економија 28 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Синдикатот е задоволен од мерката од четвртиот сет кој вчера го објави Владата, а таа е субвенции за платите за работниците во компаниите кои се погодени од ковид кризата.

Како што е познато, поддршката за исплата на плати до крајот на годината ќе биде скалеста, од 14.500 до 21.776 денари. Таа ќе се однесува на компании кои се погодени од ковид кризата, односно нивните приходи се намалени за 30 и над 30 проценти. Државата ќе ги субвенционира платите на работниците во овие фирми во месеците октомври, ноември и декември, односно до крајот на годината. Со неа Владата очекува дека ќе се поддржат 250.000 работни места, за кои ќе се издвојат 70 милиони евра.

Сојузот на сндикатите на Македонија смета дека се постигнати добри позиции за работниците со оваа мерка, односно се спречуваат сите можни злоупотреби кои би можеле да ги направат газдите кои ќе ја користат. Односно, сега нема да може да се случи како претходниот пат кога се користеше оваа мерка, работодавачите да земат субвенции, а потоа да не им ги исплатат платите на работниците.

Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, за Фактор вели дека за да се спречат злоупотребите, првичната идеја била дури и паричните субвенции да не им се исплаќаат на работодавачите, туку тие да одат директно на трансакциските сметки на работниците. За таа идеја се заложил и премиерот Зоран Заев, како и вицепремиерот Фатмир Битичи и министерката Јагода Шахпаска, а не била проблематична и за дел од коморите, но на крајот, сепак, излегло дека тоа технички е невозможно да се реализира.

„Проблемот испадна во МПИН образецот преку кој се исплатува плата преку Управата за јавни приходи. На пример, ако еден газда му давал плата на работникот од 20 илјади денари, и ако сега државата ги даде директно на работникот субвенциите од 14.500 денари, работодавецот ќе треба да му исплати на работникот 5.500 денари. Но, проблемот е што МПИН-от нема да го прими тој износ, бидејќи претходно бил на 20 илјади денари“, објаснува Димовски.

Сепак, и покрај тоа што оваа првична замисла не можела да се оствари, според ССМ, злоупотребите ќе се спречат преку законското решение кое ќе се донесе за оваа мерка, како и преку договорите на државата со компаниите што ќе ги користат субвенциите. Односно, таму ќе биде ставена заштитна клаузула доколку газдите не ја исплатат платата или исплатат намалена плата за работниците, автоматски против нив да се поднесе кривична пријава, со која, пак, ќе им се заканува затворска казна.

„Направена е уште една заштита за работниците, а таа е дека работодавачите мора да имаат иста состојба на вработени во октомври кога ќе почнат да ги земаат субвенциите, со состојбата која ја имале заклучно со 31 јули годинава. Ова од причина што дел од газдите кои користеа субвенции од претходната мерка, потоа отпуштија дел од вработените. Е сега, за да ја користат новата мерка, ќе мораат да ги вратат тие работници што претходно ги отпуштил. Или, ако на 31 јули имале 50 вработени, ќе мо ра да инаат точно 50 вработени и во октомври, кога ќе сакаат да ги земат субвенциите“, објаснува Димовски.

Колку време, пак, газдите нема да смеат да ги отпуштаат работниците после користењето на оваа мерка?

Наши извори од Синдикатот велат дека тоа ќе се преговара кога ќе се крои новото законско решение за оваа мерка, бидејќи таа сега нема да оди преку Уредба со законска сила како што беше за време на вонредната состојба, туку преку закон. Се очекува дека најмалку три месеци на газдите нема да им биде дозволено да отпуштаат, но во текот на преговорите ќе се бара тој период да биде и значајно подолг. Се смета дека колку повеќе компании ќе бараат да ја користат оваа мерка, толку подолг период ќе се предвиди во законот дека нема да смеат да се отпуштаат работниците чии плати биле субвенционирани.

А, за тоа колкави субвенции ќе земат фирмите, ќе зависи од тоа колку се погодени од ковид кризата, односно колку им се намалени приходите за периодот април-август годинава во споредба со истиот перод лани.

Овде следува табелата како ќе се утврдува која компанија колкави субвенции ќе земе за платте на работниците.

На пример, ако приходите се намалени од 30 до 40 отсто, поддршката ќе биде 14.500 денари, ако приходите и паднале од 40 до 50 отсто поддршката ќе биде 15.955 денари, и поддршката оди скалесто нагоре, па се до 21.776 денари, доколку приходите се нмалени над 80 проценти.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ