29 Март, 2024
0.0253

ЗА ЏАМБАСКИ ВЕЛЕС БИЛ БУГАРСКИ ГРАД: Кажа под кои услови би го признале македонското малцинство

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Пратеникот во Европскиот парламент и заменик претседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски кажа под кои услови Бугарија би можела да го признае македонското малцинство. 

Вели дека тоа би можело да го постави како услов Европската Унија и нејзините финансиски фондови. 

„Бугарските европратеници од Бугарската социјалистичка партија ја допуштија таа глупост, таква резолуција која признава сепаратистичка антибугарска организација која се бори за признавање на непостоечко малцинство во Бугарија. И тоа ќе биде вечен политички срам за демократска Бугарија и за Бугарската социјалистичка партија“, изјавил Џамбаски во разговор за бугарската телевизија „СКАТ“.

Нему му пречи што македонските медиуми ја споменуваат резолуцијата. 

Вели дека бугарското општество знае дека на територијата на Бугарија не постојат национални малцинства, а Бугарија се граничи со самата себе си.

Џамбаски кажа и дека Македонија е еден од центрите на црни пропагандни операции на руско-кинески служби.

„Најверојатно знаете дека во градот Велес, убавиот, некогаш бугарски град Велес се наоѓа најголемата фабрика за лажни вести во Европа која директно ја пренесува руската пропаганда од фабриката во Санкт Петербург“, додава тој.  

Џамбаски уште вели дека има шанси да се реши проблемот и Македонија да влезе во ЕУ, но требало „власите во соседната држава да престанат да си играат партизани“.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов кажа дека не знаел дека во Бугарија има македонско малцинство, а претходно бугарските власти бараа македонските власти да се откажат од тоа малцинство.

Според ОМО „Илинден“ Пирин не се знае точна бројка колку Македонци живеат во Бугарија, затоа што како што велат пред секој попис има притисоци. 

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани