За да одат на село им треба негативен корона тест
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Јануари, 2021
За да се изборат со коронавирусот и да спречат негово ширење, во Словачка воведоа строги правила.
Словаците на работа и на село можат да одат само со негативен тест за коронавирус. Оваа мерка стапува во сила следната недела, со тоа што Братислава се надева дека дотогаш ќе го зголеми тестирањето. Планот ќе се реализира во две фази. Првата, која почнува в понеделник и ќе трае една недела, и предвидува Словаците да излезат на местата за тестирање на Ковид-19 – редовни и мобилни – за да направат антигенски или ПЦР-тест. Од 27 јануари, Словаците што не успеале да добијат резултати од тестовите со кои ќе докажат дека не се заразени, ќе бидат затворени во своите домови. Рутинските активности, како што се патување до работното место, одење во пошта или на село (за лицата на возраст од 15 до 65 години) нема да бидат можни. Посетите на лекар и купувањето продукти се меѓу неколкуте исклучоци.
Во оваа земја од коронавирусот починаа повеќе од 3.500 луѓе.