За да го стабилизира пазарот оваа земја гради 110 000 станови
Објавено во: Финансии 07 Мај, 2019
Владата на Јужна Кореја ќе изгради 110 000 домови во Сеул и околината за да го стабилизира пазарот на недвижнини, пренесува агенцијата Јонхап.
Покрај 52 500 нови станови во Сеул, владата ќе развие и две големи станбени зони во предградито на престолнината, каде ќе бидат изградени 58 000 нови домови.
Ова е дел од долгорочниот план со кој се предвидува изградба на 300 000 нови станбени единици, од кои повеќето се наоѓаат во пренаселените подрачја.