18 Април, 2024
0.0275

ЗА АВАНТУРИСТИТЕ КОРОНАТА НЕ Е ПРЕЧКА ЗА ПАТУВАЊЕ: Колумбиец и девојка од Сибир ја истражуваат Македонија

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

За Луис Барето од Меделин, Колумбија и Ниургујана Осипова од Јакутиа од Сибир, ниту студеното време ниту пандемијата на коронавирусот не се пречка за да патуваат и да го истражуваат светот.

Овие млади луѓе, одлучија да го посетат Балканот, а на нивната мапа се најде и Македонија. Досега посетиле повеќе места во земјава и велат дека се воодушевени. Биле во Охрид, Битола, Тетово, Кратово, Скопје. Ги посетиле Попова Шапка, но и Националниот парк Галичица. Останува да ги посетат Велес, Крушево, Штип и Кавадарци. Барето и Осипова патуваат веќе година и пол, а пред да допатуваат овде, биле во Египет, Турција, потоа ги посетиле Србија, Албанија, и дошле во Македонија.

„Кога некои земји почнаа да ги отвораат своите граници како земјите од Балканот, решивме да ги истражиме. Почнавме во Србија, па во Албанија и сега сме во Македонија. Слушнавме многу добри работи за земјите од Балканот, но никогаш не очекувавме да ги посетиме толку брзо и не можевме да замислиме дека овие земји имаат многу убави планини, езера, плажи, национални паркови и секако вкусна храна, ракии и домашно вино. Најдовме многу убави места за посета во Македонија што конечно нѐ мотивира да уживаме во убавината. Навистина е убаво да се види нешто ново, да се потсетиме на некои од нашите часови по историја во училиште за Александар Велики... Запознавање нови луѓе, јадење традиционална храна, обид да се разбере некој македонски збор. Најдов многу слични зборови помеѓу рускиот и македонскиот јазик, па некако успеав да направам некои „расипани разговори“ со нашите домаќини. Поради ограничувањата за патувања низ целиот свет, ние всушност ја сфативме важноста да патуваме побавно и да поминуваме повеќе време на секое место, да истражуваме повеќе и да запознаваме повеќе луѓе наместо само да скокаме од едно на друго место“, раскажува Осипова.

Вели дека луѓето во Македонија се многу гостопримливи, и дека имаат со што да се гордеат. Осипова ги сака малите градови со богата историја, како што е Кратово, ги обожава пејзажите, но смета дека сообраќајните врски во земјава мора да бидат подобри, за да можат туристите да посетат повеќе места.  Цените за сместување, храна и пијалоци за нив се прифатливи.

„На пример, одлично се забавувавме во Кратово со семејството Доневски, кое ја интегрира филозофијата на Slow Food со нивниот туристички бизнис. Едно од досега омилените локални искуства во Македонија. Морам да признаам дека Македонија беше огромно изненадување за нас во целина и потценета дестинација според нас, која заслужува многу повеќе посетители! Македонија е една од земјите за кои не ни е потребен ПЦР-тест, карантин и за нас престојот е 3 месеци без виза. За ова време, се сретнавме со многу патници во Македонија од различни земји. Бидејќи многу граѓани не можат да влезат во ЕУ, затоа Балканот е на „радар“ за многумина кои сакаат да ги истражат овие популарни дестинации“, рече Осипова.

Раскажуваат дека поради пандемијата и ограничувањата за патување, останале „заглавени“ во Турција три месеци, но тоа не им предизвикало стрес. Напротив биле сместени во турско семејство каде се чувствувале како дома, а при тоа им помагале околу обавувањето на секојдневните обврски.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше