23 Април, 2024
0.0350

За Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ банка бесплатни инвестициски анализи

Објавено во: Финансии 21 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Три акционерски друштва кои котираат на Македонска берза се избрани да учествуваат во проектот на ЕБОР што има за цел да ја зголеми јавната достапност на инвестициски анализи и со тоа да ја пополни информациската празнина од овој вид анализи за котираните компании во регионот. Станува збор за компаниите Алкалоид, Комерцијална банка и НЛБ банка кои се избрани по претходно утврдени критериуми и врз основа на индивидуално изјаснување на котираните компании.

Од берзата соопштија дека стануваат дел од овој значаен проект што ги опфаќа берзите во шест земји од регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Бугарија и Северна Македонија). Македонскиот пазар на хартии од вредност, иако најмал во оваа група, доби три места. 

Во проектот учествуваат вкупно 20 компании котирани на берзите во споменатите шест држави според специфични критериуми утврдени од страна на консултантска куќа избрана од ЕБОР - WOOD & Company, инвестициска банка специјализирана за пазари во појавување. Критериумите за селекција вклучуваа редовно известување на англиски јазик, определена големина на приходите, доволен број на акции распространети во јавноста (free float), како и избраните компании да не се веќе предмет на вакви инвестициски анализи. Избраните компании потпишаа меморандум за соработка со локалните берзи.

“Недостатокот на систематска и континуирана инвестициска анализа на акционерските друштва што котираат на Македонска берза, вклучително и на нашите blue chip компании, дефинитивно претставува еден од главните предизвици со кои се соочува нашиот пазар. Ова, секако, е поврзано со прашањето за ефикасно формирање на пазарните цени, како и со атрактивноста на инструментите кои се тргуваат на нашиот пазар за домашните, а особено за странските инвеститори. Овој нов проект на ЕБОР, кој е еден од бројните што оваа институција го спроведува во регионот за што сме многу благодарни, преку обезбедување на лесно достапни инвестициски анализи и препораки, се очекува значително да го зголеми обемот на квалитетни информации за низа добри регионални котирани компании (вклучително и три македонски акционерски друштва), со низа позитивни развојни импликации од тоа за пазарите во целина. Улогата на Берзата во иднина ќе биде насочена кон поддршка на комуникацијата помеѓу избраните домашни компании и консултантската куќа и дистрибуција на изготвените анализи за времетраење на проектот“, истакна Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.

“Ни претставува особено задоволство што со овој проект даваме важен придонес во правец на проширување на основите за финансирање на избраните компании. Со ова всушност се докажува дека моќта е во знаењето. Малите и средни компании се клучни за благосостојбата на европската економија, а во услови на постоење на пандемија на корона вирус обезбедувањето на услови за нивно финасирање е позначајно од кога било“, истакна Hannes Takacs, вршител на должност директор на Local Currency and Capital Markets Development во ЕБОР.

Програмата е финансирана од TaiwanBusiness EBRD Technical Cooperation Fund и не подразбира дополнителни финансиски трошоци за компаниите. Проектот ќе трае две години, до 2022 година, и ќе обезбеди бесплатни, јавно достапни инвестициски анализи за споменатите компании. Анализите ќе се објавуваат на специјално креиран веб портал од страна на СЕЕ Линк ДОО Скопје (https://listed-sme.com/en-GB). Првите инвестициски анализи за македонските компании се планирани за септември (Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје) и декември (НЛБ Банка АД Скопје).


Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА