16 Април, 2024
0.0257

За 5 месеци ќе профункционира подземниот катастар

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

За околу пет месеци во Македонија ќе профункционира подземниот катастар кој е од голема важност, вели директорот на Агенцијата за катастар и недвижности, Славче Трпевски, во интервју за Курир. Според директорот, работите на теренот течат,  формирана е работната група и направена е анализа на целокупната состојба со инфраструктурните мрежи. „При таа анализа се констатира дека состојбата не е добра, самите тие ги немаат податоците за своите недвижности, па затоа ни се случуваше при одредени ископи на улици и други активности да дојде до прекин на електрична енергија, телефонија и така натаму. Со цел понатаму Агенцијата за катастар да дојде до подземниот катастар преку надворешен консултант обезбеди една студија којашто го трасираше патот како Агенцијата за катастар и недвижности да стигне до подземниот катастар“, информира директорот.. Според Трпевски, бенефитите од подземниот катастар ќе бидат големи, водовите ќе се заштитат, а граѓаните од катастарот ќе добијат податок што се има околу една парцела каде што треба да градат. Втората голема функција на подземниот катастар е важна и за самите компании. „Сега ќе добијат имотен лист и тоа ќе се одрази на самата вредност на сите компании. Компанијата понатаму ќе може да располага со имотниот лист како и секој друг објект. Доколку немаат потреба од определен дел од истиот, можат да го продадат. Доколку истиот им е вишок, но не сакаат да го продадат, можат да го дадат под закуп и некој друг да стопанисува со него. Или, пак, доколку сакаат да градат нов објект, ќе може да го стават под хипотека, да обезбедат кредит од банка и понатаму да вложуваат во нови објекти. Во правен промет веќе се создадени сите правни услови за да ставиме во правен промет огромна количина на недвижен имот, се мисли на инфраструктурни објекти кои до сега буквално ги немаше никаде“, вели Трпевски за Курир.

Можеби ќе ве интересира

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

„Арс Ламина“ на Саем на книгата 2024: Гостување на д-р Неле Карајлиќ, попусти до 80 отсто, саемски новитети и работилници за деца

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Супер празнична понуда на Иуте со 0 отсто камата и најповолни услови на пазарот

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Промоција на „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Велигден во Крушево - голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите

„Чупа Чупсни ме“ наградната игра започнува во „Веро“ маркетите