За 4 години изгубиле цел еден град
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2019
Повеќе од 20.000 луѓе за 4 години се откажале од босанското државјанство.
Од ова државата заработила 10 милиони конвертибилни марки.
20.536 луѓе се откажале од државјанство на БиХ од 2014 до 2018 година.
Само за една година од 2014 до 2015 година, се откажале 3.500 луѓе од државјанство.
Во последните три години се зголемил бројот на луѓе кои се откажуваат од државјанство, и во просек изнесува 4.500.