20 Април, 2024
0.0274

За 15 години брак букет со бели рози од Мицкоски за сопругата: Рози окрива детали од приватниот живот

Објавено во: Стил 09 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Рози и Христијан Мицкоски прославиле пред Нова година 15 години од бракот а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на сопругата и подарил голем букет со бели рози. За празнувањата дома и детали од живеењето со него Рози зборува во интервју за весникот Вечер. Таа вели дека Христијан е сосема поинаков дома. 

„Со годините и двајцата научивме дека треба да се направи баланс меѓу семејните и работните обврски, а бидејќи неговата моментална функција е многу чувствителна и стресна, се обидува тоа да не го пренесува дома. Секојдневните предизвици ги остава пред  врата и се обидува тие да немаат некое влијание врз нас. Се разбира, тоа не секогаш му успева да нè заштити, но се обидува, вели Рози. 

Додава дека притисокот е огромен и самата, на почетокот не била свесна дека сето тоа е толку голем притисок. Токму затоа, додава, во нивното семејство не се гледаат вести, а телевизорот се вклучува само за детските програми. Таа не е активна ниту на социјалните мрежи, нема профил ниту на Фејсбук.

Рози Мицкоска веќе 15 години е професорка по македонски јазик во гимназијата „Орце Николов“.

Извор Вечер

Фото Петр Стојановски


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган