Вук Бориловиќ е погребан на тајна локација надвор од Цетиње
Објавено во: Балкан 16 Август, 2022
Надвор од градот, на тајна локација е погребан Вук Бориловиќ, напаѓачот од Цетиње кој уби 10 и рани уште шест луѓе во петокот. Граѓаните не му дозволија на семејството Бориловиќ неговите посмртни останки да останат во Цетиње. Локацијата на гробот е скриена за да не биде сквернавена.
За погребувањето е известена и полицијата која се погрижила закопот да биде извршен без поголеми проблеми. Црна Гора уште е во шок од масакрот кој се случи.
фото: твитер/24сата/принтскрин