24 Април, 2024
0.0325

Бујар Османи: Постојат земји со двојазична банкнота и воена униформа

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи пред денеска да го аргументира контроверзниот Законот за јазици пред Венецијанската комисија, која попладнево треба истиоот да го разгледа и потоа да даде свое мислење, објави дека постојат земји во светот кои практикуваат двојазнични банкноти и униформи на армијата.

„Пленумот на Венецијанската комисија, составен од претставници од околу 60 земји низ целиот свет, попладнево ќе го разгледа Законот за употреба на јазиците. Тврдам дека употребата на банкнотите и воените униформи е практика во некои земји ширум светот и е здрава и за нашата земја. Аргументите за потребата од законот, конкретните одредби и неговото спроведување се направени во координација со локални и регионални експерти“, напиша Османи на својот профил на Фејсбук.

Тој истовремено изреази разочарување од вчерашниот настап на професорката Тања Каракамишева која имапе негативно мислење во своето обраќање пред Поткомитетот за национални малцинства и фундаментални права.

„Почитување за досегашната соработка и работата на Комисијата, но разочарување за деструктивната позиција и улогата на претставникот на Северна Македонија во Венецијанската комисија!“, додаде Османи.

Инаку Каракамишева наедно е претседател на партиската комисија за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ и откако двајцата се во Венеција постојано се препукуваат со Османи на социјалните мреќи. Професоркатаа го обвини Османи дека ги застапува само Албанците од Македонија, додека тој наведе дека таа има шовинистички мотиви.

Османи по завршувањето на Самитот на НАТО во Лондон директоно замина на сесија на Венецијанската комисија на која како претставник на Владата ќе го брани ставот дека Законот за употреба на јазиците е добро обмислен.

Првичното мислење на Венецијанската комисија за Законот за јазици е дека со истиот се даваат премногу права кои одат и преку стандардите на демократијата. Од таму велат дека тој е дури над европските стандарди и дека ресурсите за неговата употреба на сите нивоа во државата ќе бидат ограничени. Особено голем проблем би создал во правниот сообраќај во правосудниот систем.

На барање на Премиерот на Македонија, Зоран Заев, Венецијанската Комисија подготви мислење на последните измени на Законот за Јазици но конечните заклучоци се уште се доработуваат. Главната забелешка е поврзана со институциите, кои немаат јасна претстава во кои случаи треба да го практикуваат овој Закон, но како најголемиот проблем го гледаат во имплементацијата на истиот во судските постапки.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку 2:1

ВМРО-ДПМНЕ: Нема место каде професорката Силјановска не води најмалку 2:1

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

Тошковски: Мирни и демократски избори без поголеми инциденти

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

„ДОЛГООЧЕКУВАНАТА ПОБЕДА ДОАЃА НА НА 8 МАЈ, СО КОЈА ДУИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА“: Таравари бара гаранции за секој глас

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

ЖЕСТОКИ ДЕБАТИ, СЕ СКАРАА ЗИКОВ И ЛАТАС - кој ја заостри националистичката реторика на овие избори

И ДЕНЕС МОЖЕ ДА ИМА ПОБЕДНИК: Еве како

И ДЕНЕС МОЖЕ ДА ИМА ПОБЕДНИК: Еве како

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ДУИ: „Покажавме демократска зрелост, како што ја личи земја членка на НАТО“

СЕ ОГЛАСИЈА И ОД ДУИ: „Покажавме демократска зрелост, како што ја личи земја членка на НАТО“

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски

„НЕМАМ ЗАБЕЛЕШКИ, ОСВЕН ДЕКА ДВАЈЦА КАНДИДАТИ БЕА ФИНАНСИСКИ ФАВОРИЗИРАНИ ЗА МЕДИУМСКО ПОКРИВАЊЕ, А ДИЈАСПОРАТА НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛАСА“ - прва изјава на Јакимовски

ОВОЈ ИЗБОРЕН ДЕН Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ: Муцунски ја одржа првата прес конференција, еве што соопшти

ОВОЈ ИЗБОРЕН ДЕН Е ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА ОВАА ВЛАСТ: Муцунски ја одржа првата прес конференција, еве што соопшти