23 Април, 2024
0.0271

Вучиќ понудил решение за табличките, но Косовците не прифаќаат

Објавено во: Балкан 20 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Повторно се напнати односите меѓу Србија и Косово. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска понудил предлог решение за постигнување компромис во врска со новата ситуација на административните премини меѓу северно Косово и централна Србија, но албанската страна го одбила тој предлог.

Вучиќ денеска околу 18 часот треба да и се обрати на јавноста, пишуваат српските медиуми. 

Министерството за внатрешни работи на Косово, заедно со косовската полиција, започнаа со акции за отстранување на српските регистарски таблички на сите премини за влез на Косово . Веста ја потврди косовското МВР во второто соопштение од утрово.

Косовскиот премиер Албин Курти во косовското собрание кажа дека сè додека граѓаните на Косово плаќаат за табличките кога ќе влезат во Србија, на сила ќе биде и обврската сите возила да ја имаат ознаката „РКС“.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, ги повика Белград и Приштина веднаш да ги намалат тензиите и да се воздржат од еднострани потези.

Тој додава дека специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, моментално е во Белград, каде што ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и дека Лајчак разговарал со политичките лидери во Косово за ситуацијата.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот

АКО ПАТУВАТЕ ПРЕКУ БЕЛГРАДСКИОТ АЕРОДРОМ, ОВА ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Се менуваат правилата, пасошката контрола ќе се врши на поинаков начин

АКО ПАТУВАТЕ ПРЕКУ БЕЛГРАДСКИОТ АЕРОДРОМ, ОВА ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Се менуваат правилата, пасошката контрола ќе се врши на поинаков начин