25 Април, 2024
1.1665

Вучиќ откри како и кога сфатил дека ЕУ не е сериозна со вакцините, па веднаш „се растрчал“ на сите страни

Објавено во: Балкан 06 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател, Александар Вучиќ објасни како ги набвавил вакцините против ковид-19 за неговата земја. Во интервјуто што го даде за босанската телевизија, FACE TV, кажа и една интересна работа која се однесува на нашата земја и нашиот проблем со набавката на вакцини. 

„Јас бев во Брисел, и тие ми кажаа дека ковакс програмата е во подготовка и ќе биде реализирана. Јас ги прашав кога ќе се реализира? Тие ми кажуваат, знаете тоа ќе биде, Европската Унија е најмоќна сила во светот. Јас им велам се тоа го знам, но кога ќе биде тоа? Јас сум сепак многу искусен и доволно стар, и сум поминал низ многу работи, поминав низ силни притисоци додека ја договаравме Бриселската спогодба. И човек ја научува таа школа. И кога пет пати ќе ги прашам и нема да добијам конкретен одговор, туку ќе добијам одговор прво ние ќе се снабдиме, а потоа веднаш ќе бидете вие, јас тогаш ги прашувам - кога е тоа веднаш после вас. И кога на тоа нема да добијам одговор јас знам дека ние самите треба да се подготвиеме да се снабдиме со вакцини. Јас знам дека мојот пријател, Зоран Заев целосно се потпираше на Европската Унија бидејќи така му беше речено. Ние не се потпиравме на ЕУ, туку тргнавме во набавка на вакцини веднаш по тој состанок. И им реков на моите од владата, набавувајте билатерално со Американците и веднаш потпишувајте договор со Фајзер. Му се јавив на британскиот премиер, Борис Џонсон и разговарав со него. Разговарав со многу луѓе во Велика Британија да ни овозможат да ја набавиме вакцината астра-занека. Разговарав со Путин, разговарав со Си Џинпинг. Осум писма разменивме со Си Џинпинг за да ја реализираме набавката на вакцините“, објаснува Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци