ВУЧИЌ: Oдлуката на Црна Гора од први јуни да не ги отвора границите со Србија е политичка
Објавено во: Балкан 27 Мај, 2020
Српскиот претседател, Александар Вучиќ нема сомнеж дека одлуката на Црна Гора од први јуни да не ги отвора границите со Србија е политичка.
Тој вели дека Србија нема да ги затвори своите граници.
„Ние во таа кал нема да влегуваме“, рече Вучиќ.
Но, тој се надева дека поради своите интереси Црна Гора ќе мора да ја менува одлуката.
Одлуката на Директоратот за цивилно воздухопловство на Србија, со која се забранува слетување на авионите на Монтенегро ерлајнс на белградскиот аеродром Никола Тесла, нема врска со надворешната политика, кажа српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ пак денеска изјави дека Црна Гора е отпорна на агресија, и не е сама на глобалната сцена, напротив таа е членка на НАТО.