ВУЧИЌ НАЈАВИ: Вакцината во Србија ќе пристигне до крајот на годината, маските задолжителни и на отворено
Објавено во: Балкан 15 Јули, 2020
Претседателот на
Србија, Александар Вучиќ, денеска обелодени дека е во преговори со една држава од
каде ќе пристигне вакцината против вирусот корона. Открива дека во таа држава
вакцината веќе се аплицира на населението.
-Ние сме во разговори со една земја, каде што тестирањето е веќе завршено и веќе се имунизира загрозеното насление. Се надеваме дека пред крајот на оваа година, можеме да ја имаме таа вакцина, што би претставувало спас за Србија како целина, и за економијата и за целата земја.
Верувам дека во наредните три или четири дена ќе ги решиме жариштата. И дека ќе го намалиме бројот на заразени лица. Мора да го забрзаме ова одложување на тестовите, рече тој.
Десетици вакцини против коронавирус се развиваат низ целиот свет.
Во средата Кризниот штаб донесе нови мерки, задолжително носење маски на отворено и забрана за собири. Носењето на маската надвор во услови кога не е можно да се обезбеди безбедно растојание, како и забраната за собирање повеќе од десет лица, ќе стапат на сила од петок. Во Белград, уште две здравствени установи стануваат Ковид-центри.