05 Јули, 2020
0.0424

Вучиќ го критикуваат поради предизборен спот со малолетно девојче

Објавено во: Балкан 30 Мај, 2020

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на Инстаграм објави ново предизборно видео, поради кое навлече жестоки критики затоа што во видеото се појавува девојче.

Опозицијата дури побара реакција од надлежните институции и забрана за емитување на спотот.

Во видеото, Вучиќ и девојчето зборуваат за патишта, градинки и училишта, но и за заминувањето на српските граѓани во странство.

Претседателот на Србија го прашува малолетното дете за нејзиниот татко кој работи во странство и раскажува за негови планови.

Партијата за слобода и правда (ССА) побара од Регулаторниот орган за електронски медиуми (РЕМ) да го забрани емитувањето на новото видео, нагласувајќии дека Вучиќ шокантно злоупотребува малолетно дете во политички цели, со што ги стави сите деца во Србија во позиција да станат негови медиумски жртви.

Движењето „Еден од пет милиони“ бара и забрана за емитување на спотот, оценувајќи дека таквото „брутална злоупотреба“ на деца во политички цели е карактеристично само за „диктаторските режими и дека е невидено во поновата историја“.

Вучиќ најави дека ќе го повлече видеото доколку надлежните органи така одлучат.


Можеби ќе ве интересира

ПОТВРДЕНО: Грција ја затвора границата и за Србите, рампа има и за Македонците

ПОТВРДЕНО: Грција ја затвора границата и за Србите, рампа има и за Македонците

Јанковиќ: Загрижен сум, ништо од овој вирус не може да се предвиди

Јанковиќ: Загрижен сум, ништо од овој вирус не може да се предвиди

Во Србија се затвораат сите џамии

Во Србија се затвораат сите џамии

Уапсен синот на Оливер Мандиќ: Ја претепал својата мајка

Уапсен синот на Оливер Мандиќ: Ја претепал својата мајка

Во Албанија заразени 110 деца, помлади луѓе се потешко се борат со вирусот

Во Албанија заразени 110 деца, помлади луѓе се потешко се борат со вирусот

Маски ќе носиме до следната пролет: Летото беспомошно за коронавирусот

Маски ќе носиме до следната пролет: Летото беспомошно за коронавирусот

(ВИДЕО) ЛЕТАА ЛИМЕНИ ПОКРИВИ: Силно невреме во Србија

(ВИДЕО) ЛЕТАА ЛИМЕНИ ПОКРИВИ: Силно невреме во Србија

АКО ЈА ПРАВИТЕ ОВАА ОПАСНА РАБОТА СО МАСКАТА, ЕВЕ КАКОВ Е РИЗИКОТ - позната српска докторка предупредува

АКО ЈА ПРАВИТЕ ОВАА ОПАСНА РАБОТА СО МАСКАТА, ЕВЕ КАКОВ Е РИЗИКОТ - позната српска докторка предупредува

Дури 780 Срби биле вратени од Евзони и пренасочени кон бугарско-грчката граница

Дури 780 Срби биле вратени од Евзони и пренасочени кон бугарско-грчката граница