ВТОРО ГЛАСАЊЕ: 80 пратеници гласаа „За“, Мицевски викаше „Криминалци“ од говорница
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2020
Од 116 присутни, 80 пратеници гласаа „За“ при повтореното гласање за Законот за јавно обвинителство.
Шест пратеници беа „против“, а воздржани немаше.
Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ побара збор и од говорница викаше „Криминалци“.
Мицевски бараше да се уважи првото гласање, и му рече на спикерот Талат Џафери дека нема право да го поништи првото гласање.
Во Собранието имаше викотници и тензии.
Џафери тврди дека Законот е донесен, а опозицијата не прифаќа, по што даде еден час пауза.