ВТОРИОТ ЗЕМЈОТРЕС БИЛ ФАТАЛЕН: Овој човек изгуби седум члена на семејството
Објавено во: Балкан 27 Ноември, 2019
Џелал Цакони во земјотресот кој ја погоди Албанија, изгубил седум члена од семејството.
Во интервју за News24, тој раскажа дека неговите блиски знаеле дека зградата не е добра за живеење, но немале каде да одат.
„Загубив многу блиски роднини. Ова овде е многу голема трагедија. Срушени се четири или пет згради и не знаеме кога сѐ ќе заврши. Има луѓе под рушевините, а истото се случува и во Драч и Тирана. Не знаме каков ќе биде крајот“ – изјави Џелал.
Цакони додава дека по првиот земјотрес, сите излегле надвор, но потоа повторно се вратиле во домот. Вториот земјотрес бил фатален за поголемиот дел од неговото семејство.
Градот Тумана најсилно го почувствува вчерашниот земјотрес од 6,4 степени.
Во Тумана постојано расте бројот на пронајдените жртви.
Досега има 29 жртви од земјотресите во Албанија. Тлото и денеска не мирува.
Фото: Балканвеб