18 Февруари, 2025
0.0246

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Објавено во: Мои пари 21 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Поместувајќи ги границите со своите иновации, Samsung создава уреди кои ги интегрираат најновите технологии за да ги задоволат потребите на своите корисници. Последниот пример за ова е Galaxy S24 FE, кој ги комбинира најдобрите перформанси на камерите со врвно визуелно искуство, овозможувајќи одлично и динамично мобилно искуство. Телефонот, заедно со серијата таблети Galaxy Tab S10, претставува одличен избор за продуктивност и забавни активности.

Придобивки од Galaxy S24 FE:

Импресивен дисплеј: Galaxy S24 FE е опремен со динамичен 6,7-инчен AMOLED 2X дисплеј со брзина на освежување од 120 Hz. Ова ви овозможува да гледате содржина со јасни и живописни бои, без разлика дали прелистувате социјални мрежи, гледате видеа или играте игри. Стекнувате уникатно визуелно искуство со неверојатна јасност на деталите.

Долготрајна батерија и одлична ефикасност: Со батерија од 4700 mAh, Galaxy S24 FE обезбедува целодневно користење без стрес за полнење. Вградениот систем за ладење ја одржува температурата на уредот, дури и при долготрајна употреба како на пр. гледање видеа или играње игри. Ова обезбедува стабилни перформанси, без загревање.

Безбедност и отпорност: Телефонот е заштитен со Samsung Knox за максимална сигурност на вашите податоци. Покрај тоа, сертификатот за отпорност на вода и прашина (IP68) гарантира сигурна употреба во различни услови, без разлика дали сте на дожд или во прашина.

Професионални фотографии: Камерата со сензор од 50 MP, заедно со технологијата Nightography, ви овозможува да снимате квалитетни фотографии и видеа дури и во слаба осветленост. Вештачката интелигенција автоматски ги прилагодува осветлувањето и контрастот, додека Photo Assist ја препознава сцената и оптимизира поставките, што резултира со фотографии од професионален квалитет.

Galaxy S24 FE комбинира врвни перформанси, визуелна изведба и безбедност, што го прави идеален избор за оние кои сакаат да уживаат во најдоброто од мобилната технологија.

Таблет за вистинско уживање во работата и забавата

Серијата Galaxy Tab S10 е создаден за корисници на кои им треба супериорни перформанси во комбинација со елегантен дизајн. Во зависност од тоа дали се работи за Tab S10+ или Tab S10 Ultra, динамичниот AMOLED 2X екран доаѓа во дијагонали од 11 или 12,4 инчи, со стапка на освежување од 120 Hz, што го прави одличен за мултитаскинг, стриминг и играње игри.

Сите оние кои ќе го користат овој уред за работа, со пенкалото S Pen дополнително ќе можат да ја доживеат функционалноста за лесно пишување, цртање и уредување фотографии. S Pen, со Note Assist, автоматски ги конвертира рачно напишаните белешки во дигитален текст, што заштедува време и ја зголемува продуктивноста. Мултитаскингот е уште полесен бидејќи Tab S10 поддржува работа во повеќе прозорци, овозможувајќи истовремена употреба на повеќе апликации. А тука е и извонредното аудио искуство овозможено од Dolby Atmos и четирите вградени звучници кои обезбедуваат богат звук за филмови, игри и музика.

Паметно поврзување во домот

Како и сите уреди на Samsung, така и телефонот Galaxy S24FE  и таблетите Galaxy Tab S10 доаѓаат со апликацијата SmartThings, што овозможува интеграција на паметниот дом.Следете ги и управувајте со останатите апарати преку екранот на телефонот или таблетот и бидете во тек со паметните технологии на нашето време.  

*пр објава

Можеби ќе ве интересира

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот

Преку иновации и уникатно корисничко искуство, до нови стандарди во е-трговијата и визија за лидерство во регионот

Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: П.Ѓ. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 6.604.025 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: П.Ѓ. ОД БИТОЛА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ ОД 6.604.025 ДЕНАРИ

Play-Doh те кани на креативна авантура во Скопје Сити Мол!

Play-Doh те кани на креативна авантура во Скопје Сити Мол!

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Почина проф. д-р Јован Јуруковски, истакнат гинеколог и акушер

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка