25 Април, 2024
0.0313

Врховен никако да се изјасни за затворот за Јанкулоска - расправале, но не „пресекле“

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Никој не знае дали и кога ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе замине на издржување на затворската казна на која беше осудена за случајот „Тенк“.

Како што јави Телевизија Телма, петмина судии од Врховниот суд вчера ја разгледувале пресудата на Јанкуловска за овој случај. Од Врховен потврдиле дека предметот бил рефериран, имало и дискусија, но одлука не била донесена. Друг ден, нвеле, дополнително ќе се одлучува и гласа. Судиите може да ги потврдат, преиначат или да ги укинат пресудите за Тенк. А со оглед што немаше закажано јавна седница, ниту обвинетата Јанкуловска ниту медиумите не можеа да присутвуваат на судењето, на кое се разгледува предметот и се чита жалбата.

Инаку, веќе се поминати седум месеци, откако во јули лани на Јанкулоска и беше одложено издржувањето на затворската казна за случајот „Тенк“.

За потсетување, Јанкуловска за случајот „Тенк“ има правосилна судска пресуда за казна затвор од четири години, откако претходно Апелацискиот суд и ја намали првостепената пресуда од шест години. На издржување на казната требаше да замине на први јули годинава, а претходно беше „поштедена“ со образложение од судот дека има за чување мало бебе под едногодишна возраст.

Како што веќе пишуваше Факторпетчлениот кривичен совет на Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски тогаш донесе одлука да го усвои нејзиното барање казната да се одложи, се до вонредното преиспитување на правосилната пресуда. 

Пред два месеци од Врховен суд за Фактор изјавја дека не можат да прецизираат кога ќе одлучуваат. 

„Одлуката за вонредно преиспитување на правосилноста на пресудата е во рацете на Кривичниот совет при Врховниот суд, и ние не знаеме кога тој ќе ја донесе. А, тој ќе реши кога ќе смета дека за тоа се исполнети законските услови. Се дотогаш издржувањето на казната ќе биде одложено. Но, треба да се има предвид дека ова е само привремено одлагање, се додека Кривичниот совет не донесе одлука“, објаснија од Врховниот суд. 

Што ќе се случува понатаму, зависи како ќе пресече Кривичниот совет при Врховниот суд. Ако тој ја прифати правосилноста на пресудата, Јанкулоска ќе мора да замине во затвор.

„Доколку Кривичниот совет ја потврди правосилноста на пресудата, односно доколку се одбие барањето на осудената за нејзино вонредно преиспитување, во тој случај казната останува. Тогаш веќе нема правни пречки за издржување на казната. А кога осудената ќе почне да ја издржува казната ќе зависи од другите институции, како што е Управата за извршување на санкциите. Но, доколку се уважи барањето на осудената, има опција да се укине пресудата, и во тој случај постапката се враќа на пониските судови. Се зависи од тоа како тие ќе одлучат, што значи дека има опција и за повторување на судењето“, изјавија за Фактор од Врховниот суд. 

Инаку, предметот „Тенк“ се однесува на набавката на блиндираниот „мерцедес С 600 гард“ вреден 600 илјади евра. Во обвинението се вели дека во 2012 година обвинетиот Никола Груевски, како тогашен претседател на Владата, со искористување на своето реално влијание и службена положба, побарал од обвинетата Гордана Јанкулоска, да ја реализира јавната набавка. За случајот „Тенк“ Груевски е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски на 6,5 години, по што Апелација му ја намали казната на 4,5 години. 

Можеби ќе ве интересира

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија