29 Март, 2024
0.0247

Вредни се како мравки, со години не заминале на одмор, а сега имаат и нова мака

Објавено во: Македонија, Агробизнис 19 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Многу македонски земјоделци иако вредно работат, со години не заминале на годишен одмор.

Имаат премногу работа, но и финансиската немоќ си го право своето. Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион раскажува дека на одмор последен пат бил во времето на Југославија. Тој повеќе од 30 години се занимава со земјоделство.  Вели дека работата е напорна, а обврски има од утро до мрак. На нива оди во зори, пред изгрејсонце, а работата продолжува и попладне, се до стемнување. Така е во селото Василево каде тој живее. Денот е исполнет со обврски, а време за чекање нема, затоа што оваа работа не трпи одлагање. Сѐ треба да се заврши навреме, и онака како треба.

„Вистинскиот градинар нема време да оди на одмор. Ако се остави земјоделецот на една култура, нема да може да опстане, така што мора да има две - три култури. Штом една култура ќе заврши, почнува друга. За градинарот има работа цела година, од производство на расад, садење, до собирање на родот. Повеќето кои ги знам, не одат на одмор, а има и многу што не можат да замислат за одмор, освен некои кои си имаат работници“, рече Велков.

Тој објаснува дека од земјоделството тешко се живее. Работат за да си ги покријат трошоците, за основните потреби. Смета дека државата треба да води поголема грижа за земјоделството. Во селото Василево, 60 до 70 отсто од жителите зависат од земјоделската дејност.

„Ако се распределат парите за цела година, има да се преживее, да се школуваат децата и толку. Повеќе нема затоа што производната цена на земјоделските производи е висока“, додава Велков.

Она што сега ги засега земјоделците е и поскапувањето на горивата. Стравуваат дека тоа ќе се оздрази на стопанството, на целокупното живеење, а за нив и жетвата ќе биде поскапа. Од 1 јули годинава ќе се воведе еколошка такса со која за 3,5 денари ќе поскапат сите горива во земјава. Ќе поскапи нафтата, бензините, дизелот и сите останати нафтени деривати. Спиралата на раст на цените е неминовна и ќе „удри“ по џебот на граѓаните.

Што се однесува до одморите, според податоците кои претходно ги објави Евростат, од 57 па до 61.2 отсто од граѓаните во земјава не можат да си дозволат да отидат на одмор.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење