ВРАЗУМЕТЕ СЕ - УНГАРИЈА ЈА ПРЕДУПРЕДУВА ЕУ: Тврдат дека постои само една шанса да се избегне рецесија, а Путин не може да се победи
Објавено во: Финансии 26 Јуни, 2022
Унгарија повика на итни мировни преговори за ставање крај на војната меѓу Украина и Русија, предупредувајќи дека продолжениот конфликт ќе предизвика економска криза што им се заканува на владите ширум Европа, пишува Фајненшл тајмс.
„Брзиот прекин на огнот е единствената шанса на Европа да избегне рецесија“, рече Балаш Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан, предвидувајќи дека другите влади на ЕУ ќе престанат да даваат воена поддршка за Украина и ќе инсистираат на брз прекин на конфликтот во следните неколку години, месеци.
Тој ги повика шефовите на влади на ЕУ „да се вразумат“.
Будимпешта долго време беше најблискиот партнер на Москва во ЕУ и предизвика фрустрација во Брисел од почетокот на војната, бидејќи не сакаше да ги прекине сите врски со Русија и да обезбеди недвосмислена поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Некои од унгарските партнери во ЕУ беа премногу желни да се борат со рускиот претседател Владимир Путин, што го вовлекува континентот во криза, рече Балаш Орбан, предупредувајќи дека треба да се откажат од таа стратегија.
– Тие сакаат војна и веруваат дека можат да го победат Путин, дека можат да го окупираат Кремљ и тоа е нивната цел, рече Орбан.
- На почетокот на конфликтот, барем во медиумите тоа беше навредливо мислење. Но, се обложувам дека така ќе изгледа за четири месеци ... ќе има повеќе рационалност, рече тој.
- Унгарија не сака да создава проблеми. Но, ако се обидете да се вклучите во политика без да ја видите реалноста околу вас, едноставно ќе ја изгубите довербата на луѓето. Застрашувачки е што во моментов нема искрени дискусии за актуелната состојба. Нашите главни цели треба да бидат преговори и прекин на огнот во наредните месеци, заклучи тој.
Курир.рс/Индекс.хр