28 Март, 2024
0.0456

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО УНГАРИЈА ПРОГЛАСИ ОРБАН: „Војната во Украина е закана за земјата, мерката тапува на сила од полноќ“

Објавено во: Свет 24 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Унгарската влада денеска прогласи вонредна состојба поради војната во Украина, која ќе стапи на сила на полноќ, најави премиерот Виктор Орбан.

Во видеото што го објави на Фејсбук неколку часа откако парламентот го усвои амандманот на уставот во кој се наведуваат конфликти, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја како причини за мерката, Орбан рече дека војната во Украина претставува закана за Унгарија, физичката безбедност на нејзините граѓани, енергетските залихи и финансиската сигурност на семејствата и стопанството, јавува МТИ.

Тој нагласи дека Владата која денеска положи заклетва веднаш почна со работа и посочи дека се уште никој не го гледа крајот на војната во Украина.

„Светот е на работ на економска криза. Унгарија мора да се држи настрана од оваа војна и да ја заштити финансиската сигурност на граѓаните“, рече Орбан.

Тој додаде дека за да се направи тоа, Владата мора да биде способна да носи одлуки и брзо да реагира.

„Вонредната состојба, слична на онаа воведена за време на пандемијата, ќе и овозможи на владата брзо да реагира и да ги искористи сите достапни методи за заштита на Унгарија и Унгарците“, рече Орбан.

Унгарскиот парламент претходно денеска го усвои 10-тиот амандман на Уставот, со кој се дозволува владата да прогласи вонредна состојба во случај на вооружен конфликт, војна или хуманитарна катастрофа во соседна земја.

Според измените на Уставот, може да се воведе посебен правен поредок во случај на воена, вонредна или опасност.

Може да се прогласи опасна состојба „доколку се случат воени акти“.

Вооружениот конфликт ги вклучува сите вооружени конфликти, вклучително и граѓанската војна, додека хуманитарната катастрофа ја вклучува секоја ситуација што е резултат на војна или вооружен конфликт, или ако постои некоја друга причина, како природни катастрофи што предизвикуваат многу луѓе да се најдат во тешка ситуација.

Според образложението на предлог-законот, посебен правен поредок може да се воведе само доколку развојот на настаните во соседната земја сериозно ја погоди Унгарија во хуманитарна или економска смисла или ако постои реална можност тоа да се случи.


Можеби ќе ве интересира

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија

ШТО СЕ СПРЕМА: Киргистан ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија