25 Април, 2024
0.0279

ВОЛЈА НА РАБОТНИЦИТЕ ИЛИ НА ГАЗДИТЕ: Евростат пресмета колку Македонци работат со скратено работно време

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во Македонија 25.000 луѓе од кои 15.000 се мажи и 10.000 се жени работеле со скратено работно време, покажуваат податоците од Евростат кои се однесуваат за 2018 година. Но, дали тоа е волја на самите работници или на газдите кои го изигруваат законот и ги пријавуваат работниците на скратено работно време?

„Не се работи за волја на работникот, туку се принудени да ги прифатат тие услови затоа што не се во можност да најдат работа каде ќе бидат соодветно платени, и ќе имаат придонеси на цело работно време. Газдите ги пријавуваат работниците на скратено работно време со цел да избегнат давачки и да платат помалку за придонеси“, велат од СИЕР.

Кај нас дури и доколку некој сака да работи со скратено работно време, нема голем избор. Во нашата земја со скратено работно може да се работи како туристички водич, одржувач на базени, чување на деца, келнер, да се работи на преводи и слично, велат од агенциите за посредување при вработување.

Со скратено работно време прифаќаат да работат младите на возраст од 18 до 35 години, додека постарите си бараат редовно вработување, поголема сигурност. Во Европа има поголем избор на професии кои може да се работат со скратено работно време, а многу од нив воопшто ги нема на нашиот пазар на труд“, велат од агенција за посредување при вработување од внатрешноста.

Помал број на работници кои работат part time има само Црна Гора и тоа 10.000 од кои 6.000 се мажи, и 4.000 се жени.

Во Хрватска part time работат 80.000 луѓе, во Грција 336.000, во Бугарија 55.000, во Словенија 86.000, Србија 243.000, а во Романија со скратено работно време биле ангажирани 518.000 работници во 2018 година, според Евростат.

31,2 милиони жени и 9,5 милиони мажи на возраст од 20 до 64 години работеле со скратено работно време во Европската унија во 2018 година. Ова претставува 19 отсто од вкупните вработувања, покажуваат статистиките од Евростат.

Испитаниците изјавиле дека главната причина за работа со скратено работно време е „не наоѓање на работа со полно работно време“ (26 отсто), а потоа следат „грижа за деца или немоќни возрасни“ (24 отсто).

Работата со скратено работно време поради немањето можност за редовна работа е најчеста појава во Грција, а најретко во Естонија

Највисок процент е забележан во Грција (70), по што следат Италија (66 отсто), Кипар (65% отсто) и Бугарија (59 отсто). Најмалку вакви случаи има во Естонија (6 отсто ), по што следат Белгија, Чешка и Словенија со по (7 отсто) и Холандија (8 отсто).

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?