ВОЈСКАТА НА СРБИЈА ВЛЕГУВА ВО ШИД: Вучиќ нареди да се заштити населението од мигрантите
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2020
Претседателот на Србија
и врховен командант на вооружените сили издаде наредба за употреба на армијата
во безбедноста на граѓаните на Шид од навала на мигрантите, пренесуваат
српските медиуми, повикувајќи се на пишувањата на Тањуг. Се очекува војската да
пристигне во Шид, која утринава е ангажирана да го заштити населението во
градот, како и нивните имоти од навала на мигрантите, за која дознава Тањуг. На
барателите на азил и мигрантите кои се сместени во центрите за азил и
прифатните центри во Србија од 14. мај повторно им е дозволено движење.
Претходно, на сила беше наредбата со која привремено беше ограничено движењето на мигрантите и на оние кои бараат азил, за да се спречи ширењето на корона вирусот.