Војници сексуално злоставувале жени кои се тестирале за коронавирусот

Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Јануари, 2021
Скандал ја тресе Австрија откако се појавиле обвиненија дека војници сексуално злоставувале жени при масовното тестирање за коронавирус во градот Грац.
„Кронен Цајтунг” пишува дека обвиненијата на сметка на војниците се многу сериозни.
„Најмалку две лица пријавија сексуално злоставување од страна на војниците при процесот на тестирање на коронавирус во Грац“, изјавил портпаролот на воените сили, Михаел Бауер.
Тој рекол дека жените по тестирањето се контактирани преку Фејсбук.
Засега не е познато колку жени биле злоставувани, ниту, пак, колку војници се осомничени за злоставувањето, како ни што точно правеле. Бауер изјавил дека една пријава е отфрлена, бидејќи жената на крајот одлучила сето тоа да го сфати како шега. Властите ги повикале сите граѓани кои на било кој начин се оштетени да се јават во Министерството преку мејл или во канцеларијата.
Во Австрија досега се вакцинирани само 1,4 отсто од населението, што е помалку од планираното.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ОТКРИЕНА Е ПЛАНИНА СО ЗЛАТО ВО КОНГО: Луѓето се натпреваруваа кој ќе ископа повеќе

ЦРН РЕКОРД: Италија надмина 100.000 починати од коронавирусот

ИЗРАЕЛЦИТЕ ЛИДЕРИ: Натанјаху најави дека за месец дена ќе се справат со епидемијата

Поради новите соеви има опасност од појава на „пандемија во пандемија“

ОШТЕТЕНИ СЕ НЕКОЛКУ КУЌИ: Украинската армија го гранатираше Доњецк

ЕМА: Земјите на ЕУ да се воздржат од одобрување на Спутник V, се прават потребните проверки за квалитет и безбедност

Швајцарците изгласаа: Забрането носење бурки на јавни места
