Војници по грешка убиле свои колеги
Објавено во: Балкан 16 Август, 2018
Во југоисточна Турција, четворица турски војници загинаа откако во нив по грешка пукале колеги.
Тројца загинале во текот на престрелката и се убиени случајно од други припадници на турската армија. Четвртиот загинал кога Курдите активирале бомба додека поминувало воено возило.
Во деценискиот воен конфликт меѓу турските воени сили и курдските бунтовници, досега загинале десетици илјади луѓе, војници, но и цивили.
Таму турската армија се бори против курдските бунтовници.