25 Април, 2024
0.0282

Во Берлин состанок за железничкиот сообраќај помеѓу Србија и Косово

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber


По договорот на американскиот специјален претставник за дијалогот помеѓу Косово-Србија, Ричард Гренел со српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска во Берлин ќе се одржат разговори за реконструкција на железничкиот, патнички и карго сообраќај меѓу Косово и јужна Србија, кој е во прекин повеќе од две децении .

Ќе се разговара само за комерцијални теми, бидејќи услов на Белград за продолжување на политичкиот дијалог, кој ќе продолжи да се спроведува под покровителство на Европската унија, е укинување на 100 процентните такси наметнати од Владата на Косово за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина, дознава Танјуг. .

Поврзувањето на инфраструктурата меѓу Србија и Косово беше една од главните теми на разговорите помеѓу Вучиќ и Гренел во Белград во петокот, кога американските дипломати објавија дека деталите за договорот за обнова на железничките услуги ќе бидат разгледани на состанокот во понеделникот во Берлин.

Гренел истакна дека САД сакаат двете страни да се фокусираат на економијата, работните места и просперитетот, како пат за нормализирање на односите.

Во изјавата за американската новинска агенција АП, Гренел, кој истовремено е и американски амбасадор во Германија, рече дека договорот за обнова на железничкиот сообраќај меѓу Србија и Косово ќе биде важен за обете страни.

Воспоставувањето железнички врски, рече тој, стана приоритет откако американските власти посредуваа минатата недела во постигнувањето на договор за повторно воспоставување на воздушниот сообраќај меѓу Белград и Приштина по 21 година.


Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“