08 Декември, 2024
0.0250

ВО ЖАБЕНИ ЌЕ НИКНЕ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ТЕШКА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: компанијата Бреинчајлд ќе вработи 200 лица

Објавено во: Финансии 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Потпишан договорот за државна помош за два одделни инвестициски проекти со компанијата „Бреинчајлд“. Станува збор за германско холандска инвестиција, компанија формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија, глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер.

- Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Малку поразлично од тоа што сме до сега навикнати. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1.500 метри квадратни - соопшти премиерот Христијан Мицковски при потпишувањето на договорото за помош на компанијата. 

Како што беше објавено компанијата Бреинчајлд во Македонија има формирано две фирми: Бреинчајлд Продукција и Бреинчајлд Производство. Согласно досегашните информации, инвестицискиот план на компанијата вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Предвидено е компанијата да инвестира најмалку 2.500.000 евра во период од 5 години, а се планира отворање на околу 40-тина висококвалификувани нови работни места.

- Бреинчајлд Производство е компанијата која се занимава со сериското производство на опремата и елементите. Планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3.000м2 во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица. 

Според инвестицискиот планови, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните 5 години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра или вкупно околу 11.000.000 евра. И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали - посочи премиерот. 

На денешната пресконференција беше нагласено дека, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ НАЈБОГАТИТЕ ИЗВРШНИ ДЕИРЕКТОРИ НА СВЕТОТ: Маск и Цукерберг најскапи

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

СЕ МИЛИОНЕРИ ДО МИЛИЈАРДЕРИ: Новиот претседател на Америка ќе го има најбогатиот кабинет во историјата на светот

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

ПОЗНАТ БАНКАР И ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ СТАНУВА ВТОР ЧОВЕК НА БАНКАРСКИОТ ЕСНАФ - Бојан Стојаноски именуван за заменик претседател на МБА

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

БИТКОИНОТ НА ИСТОРИСКИ НАЈВИСОКО НИВО: надминува 100.000 долари, аналитичар: Ова значи три работи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“