24 Април, 2024
0.0263

Во време на пандемија и книгите одат во карантин

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата на коронавирусот, во библиотеките ширум Македонија книгите кои читателите ги зајмиле и вратиле се ставаат во карантин.

Ова не се спороведува само во Македонија, туку ова е мерка која на глобално ниво се реализира по препорака на Интернационалната федерација на библиотекарски асоцијации. Од библиотеките велат дека ова е во интерес на сите, со цел да се заштити јавното здравје.

„Книгите се ставаат во карантин, си имаме одредено простор, односно еден шкаф. Се означуваат и три дена не се во оптег, туку ги тргаме настрана. Ова е мерка со која ги штитиме читателите, но се штитиме и себеси. Има голем интерес за читање, и се трудиме на нашите читатели да им излеземе во пресрет“, вели Моника Талеска, директорка на Библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп.

Taња Гошева, директорка на струмичката библиотека „Благој Јанков Мучето“ објаснува дека штом читателот ќе влезе, ја покажува книгата на вработените, по што ја става во кутија, и кутијата се става во посебна просторија.

„На кутијата се пишува датум, и се складира во подрум. По 72 часа тие книги се пребришуваат, се дезинфицираат и се ставаат на рафтовите каде што им е местото. Ние постоиме од 1946 година и функционираме беспрекорно. Се одржува дистанца, се дезинфицираат раце, се работи по протокол“, рече Гошева.

Во библиотеките во помалите градови во државата велат дека дневно во просек по 50 книги се враќаат, се тргаат настрана, односно одат во карантин, и по 3 дена повторно се достапни за читателите.

Зоран Костовски, директор на Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ Штип вели дека се придржуваат до сите препораки кои им ги дале надлежните.

„Дневно од 60 до 70 книги се ставаат во карантин, отстојуваат три дена и потоа се враќаат. Тоа е мерка за заштита, а ги применуваме и сите други, дезинфекција, дистанца“, додава Костовски.

Библиотеките извесен период не работеа поради пандемијата на коронавирусот и вонредната состојба, а стартуваа со работа на почетокот на месец јули. 

За новиот вирус постојано се појавуваат детали како за потеклото, така и за тоа колку долго се задржува на различни површини. Се верува дека доколку површините не се дезинфицираат тој ќе опстане неколу дена. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП