28 Март, 2024
0.0274

Во владината програма и идеите на ДУИ: Ќе се бара од приватните претпријатија правична етничка застапеност

Објавено во: Економија 28 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Во новата владина програма за која ќе се дискутира од утре во Собранието, покрај предизборните мерки на СДСМ и коалицијата „Можеме“, може да се препознае дека се прифатени и оние на ДУИ, кои Интегративците и Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец на Македонија, ги промовираа и како барања.

ДУИ пред изборите бараше да се субвенционираат 50 проценти од социјалните придонеси во наредните три години секое ново работно место што ќе ја подобри „правичната и соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватните претпријатија“.

„Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“, стои во владината програма.

Во владината програма се најавува поврат на персонален данок за сите нововработени под 30 години, во првите две години при што сретствата ќе се враќаат директно на нивна сметка и ослободување од плаќање данок на сите новосоздадени приватни претпријатија, формирани од млади до 30 години или жени, се додека прометот е под 3 милиони денари. Нешто слично предложуваше и ДУИ пред изборите.

Интегративците бараа скратено работно време во петок а во програмата пишува дека „ќе се понуди концептот на флексибилно работно време за петок и можност за намалување на број на работни часови во текот на неделата со цел обезбедување на поголем баланс помеѓу професионалниот и семејниот живот“.

- Владата, како и во претходниот мандат, ќе поддржи формирање на анкетни комисии или иницирање на меѓународна поддршка и мониторинг за одредени случаи кои создаваа меѓуетничка недоверба и тензии  како Алфа, Монструм, Диво насеље, итн, се вели во документот, а помалиот коалиционен партнер веќе подолго време имаше слична идеја за решавање на овие случаи.

Таму се најавува и забрана за работа на казина, обложувалници и ВЛТ-клубови во близина на училишта и верски објекти, а тоа веќе подолго време се бара од ДУИ да биде протуркано.

Очигледни се и отстапки „и на сметка на ДУИ“ во програмата.

„Во првите шест месеци, ќе се распоредат и ќе тргнат на работа сите вработени по Рамковен договор во државните институции, додека институциите ќе ги одобрат барањата на вработените за признавање на образованието согласно последните промени во Законот за вработените во јавната администрација и јавниот сектор. Етничката припадност нема да се злоупотребува при вработувањата“ се вели таму.

Новата Влада најавува промени и во структурата, квалитетот и големината на администрацијата така што ќе се разгледуваат неколку модели за намалување на нејзиниот обем за 20 отсто, меѓу кои и преку спојување на функции и надлежности на институциите.



·


Можеби ќе ве интересира

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра