ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЛЕСКОВАЦ: Дел од таванот падна врз две девојчиња
Објавено во: Балкан 11 Септември, 2024
Две ученички од гимназијата во српскиот град Лесковац се повредени откако врз нив паднал дел од таванот.
Медиумите јавуваат дека тие се повредени кога врз нив паднал дел од таванот во училницата.
„Две девојчиња родени 2010 година од Лесковац во придружба на лекарска екипа од Лесковац се донесени во нишкиот Ургентен центар. Пациентите се свесни, комуникативни, ориентирани, без видливи повреди“, соопштија од Универзитетскиот медицински центар Ниш.
Во согласност со протоколот, ќе бидат извршени сите потребни дијагностика и прегледи.
Како што велат за Танјуг во Полициското одделение во Лесковац, информирано е и Основното јавно обвинителство за настанот.