Во Сплит маж до смрт избоде продавачка
Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2021
Во хрватскиот град Сплит, маж до смрт избоде продавачка во маркет.
Денеска нешто пред 15 часот на улицата Пољичка во Сплит, маж влегол во продавницата и со нож ја нападнал и усмртил вработената, пишува Индекс.хр. Жената со тешки повреди е пренесена во болница, каде набргу починала. Вработените во продавницата го фатиле мажот додека не дошла полицијата, а потоа тој е уапсен. Полицијата на местото на нападот го запленила ножот со кој е извршен нападот.
Како што неофицијално дознава Индекс, убиената била партнерка на мажот кој ја избодел. Според Индекс, напаѓачот има 54 години. Сведоците раскажуваат дека имало повеќе убодни рани, а полиците и подот биле полни со крв. На крвавиот напад со нож, според очевидци, му претходела расправија, а насилникот бил совладан од обезбедувањето со помош на неколку млади момчиња кои го фрлиле на подот.