24 Април, 2024
0.0331

Маските задолжителни и на отворено: На чекор сме до полициски час

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

На денешната седница на Владата, Министерот за здравство Венко Филипче ќе ги предложи новите рестриктивни мерки, кои ги препорача Комисијата за заразни болести поради лошата епидемиолошка слика во земјата. Тој вчера, заедно со членови од Комисијата го информираа Кризниот штаб во Владата во однос на капацитетите на болниците, како и за значителниот раст на бројот на новозаразени граѓани со корона вирусот.

Истовремено истакна дека главните жаришта се Скопје, Штип и Струмица, а најголемиот процент од новодијагностицираните се на возраст од 30 до 50 години.

-На Владата ќе предложиме уште еден пакет мерки. Сите економски оператори да работат до 23 часот, како и ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти и препорака до целата државна и јавна администрација, препорака до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес. Сето ова со пакетот на мерки кој утре ќе се дискутира во Собранието. Законот е веќе даден по скратена постапка. Законот за заштита на населението од заразни болести, а во тој закон се веќе вметнати предлозите за задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири. Сметаме дека тоа е еден пакет мерки којшто значајно може да го намали бројот на новодијагностицирани случаи“, рече министерот Филипче.

Министерот потенцираше дека капацитетите во болниците продолжуваат да се исполнуваат до крај, напоменувајќи дека се уште нема сместено пациенти, иако е целосно подготвена модуларната болница до Инфективната клиника.

-Кадарот е тука, подготвен, има интернисти коишто доаѓаат по системот на ротација, како и медицински сестри. Исто така, подготвени се и во ГОБ „8 Септември“ со целокупниот персонал којшто работи на оваа проблематика, интернисти и анестезиолози коишто работат заедно со инфектолозите. Но, веќе се исполнија инфективните одделенијата во болниците во Струмица, во Куманово и во Штип, а почнуваат да се ангажираат капацитетите во болницата во Кочани. Нема места во болницата во Прилеп, и уште едно крило е отворено во болницата во Битола за целиот тој регион. Забрзано се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар.“, рече Филипче.

Според него и воопшто здравствените власти, ситуацијата е крајно сериозна, и следен чекор би бил целосно ограничување на движењето, односно полициски час.

-Да собереме сили сите, да ги почитуваме мерките за да го избегнеме сето ова, заради тоа што ова е начинот на којшто ќе треба да се функционира, во периодот што е пред нас доаѓаат уште поладни есенски и зимски месеци“, апелираше Филипче.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција