Во Русија е откриен сој кој е позаразен од делта
Објавено во: Свет, Корона Вирус 21 Октомври, 2021
Нова варијанта на коронавирусот, позаразна од делта-сојот е пријавена во Русија.
Вишиот истражувач Камил Хафизов, кој работи во Роспотребнадзор, тело за надзор на здравствениот систем се плаши дека овој сој ќе се прошири.
„Новата варијанта би можела да предизвика скок на бројката за нови случаи, па дури и да ја замени делта варијантата на крајот, иако процесот најверојатно ќе биде бавен“, изјави Хафизов.
Во Русија во изминатото деноноќие починале 1 036 луѓе поради коронавирусот, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата. Пријавен е и рекорден број на заразени односно 36.339.