Во Романија на секои 5 минути по едно лице умира од коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 20 Октомври, 2021
Во Романија епидемиолошката состојба е лоша и на секои 5 минути по едно лице умира од коронавирусот.
Земјата оваа недела ја има највисоката стапка на смртност по глава на жител на светот. Само 36 отсто од возрасните Романци се вакцинирани, а просекот во ЕУ е 74 отсто.
„Има семејства кои погребале четири члена во рок од две недели“, вели Себастијан Кокош, сопственик на погребално претпријатие од романскиот град Плоешти.
Кокош вели дека се мачат да обезбедат доволно ковчези. И Полска се соочува со ново големо ширење на коронавирусот, но засега не планира воведување драстични мерки.