Во рок од десетина минути два земјотреси ја стресоа Албанија
Објавено во: Балкан 05 Декември, 2019
Два нови земјотреси вечерва се регистрирани во Албанија.
Се работи за земјотреси од 2,9 и 2,7 степени.
Првиот потрес е регистриран во 18 часот и 7 минути, а вториот во 18 часот и 15 минути. Земјотресите биле со епицентар на 9, односно 10 км од Влора.
Пред две недели Албанија ја погоди земјотрес од 6,4 степени во кој загинаа педесетина лица.
Премиерот Еди Рама, ова утро, на итна средба со Советот на министри во Тирана, им наредил на министрите за образование и здравство и социјална заштита Беса Шахини и Огета Манастирлиу да ги повикаат и да ги вратат луѓето што се засолниле на Косово.Во регионот денеска имаше неколку земјотреси и во Грција.